x

Ѓоковиќ замина на Марбеља каде ќе тренира за Мастерсот во Мадрид

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, се врати во Марбеља, каде ќе продолжи со тренинзи и подготовки за продолжување на сезоната. Ѓоковиќ отпатува за Шпанија, бидејќи неговата сопруга Јелена замина со децата неколку дена порано.

Познато е дека српскиот тенисер помина извесно време во истиот град, откако пристигна од Индијан Велс во март, каде ги имаше сите услови да тренира, меѓу другото и на тврда подлога.

Тој исто така неколку пати истакна дека сака да се пресели во Марбеља, каде што живее и работи неговиот брат Марко, а сега таму ќе мора да донесе некои важни одлуки за продолжување на сезоната.

Постои опција Новак да остане во Шпанија до 13 септември, кога ќе започне Мастерсот во Мадрид, но олеснителна околност е што беше објавено дека тенисерите кои ќе дојдат на тој турнир од друга земја, нема да мора да одат на двонеделен карантин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата