Тој во првото коло го совлада Германецот Филип Колшрајбер со 3:0 во сетови. Србинот против себе го имаше најдобро рангираниот тенисер што не се најде меѓу носителите, Колшрајбер ја оправда улогата на незгоден ривал, но Ѓоковиќ сепак успеа да слави со три сета, во секој препуштајќи му на Германецот по четири гема. Следен противник на Новак ќе биде подобриот од дуелот на двајцата ветерани, Лејтон Хјуит и Јарко Ниеминен.

Марин Чилиќ рутински ја одработе задачата на стартот славејќи со 3:0 над Јапонецот Морија, Американецот Џон Изнер со идентичен резултат славеше над Соеда, исто како и Гранољерс, кој се пласираше во втората рунда со максималната победа над Јанко Типсаревиќ.

Со очекувано лесно победа стартуваше и главната фаворитка на женскиот дел од турнирот, Серена Вилијамс, која славеше со 6:4, 6:1 над Русинката Гаспаријан.