x

Ѓока: Екипата е во супер-ритам, сакам да го завршиме првиот дел со победа над Пелистер

vardar-skendija7-e1607884342785

Шкендија е есенски шампион и тоа  на едно коло пред крајот на полусезоната, а денеска  во 17 коло тетовските „црвено-црни“ беа подобри од Академија Пандев со 1:0. Голот го постигна тинејџерот Дашмир Елези. Притоа победија четврти пат по ред без да примат гол. Тренерот Ернест Ѓока сигурно е задоволен и очекува уште подобри настапи во вториот дел од сезоната и заверка на шампионската титула.

Браво за играчите кои покажаа концентрација и желба за игра и покрај тоа што се изморени. Мислам дека денеска одигравме супер и во дефанзива и во офанзива. Бевме трпеливи и сконцентрирани и на крајот победивме. Ова е добро за тимот и од психичка и од ментална гледна точка. Да се победи на четири едноподруго натпревари без примен гол е нешто посебно. Имаме уште еден меч пред паузата (со Пелистер) и сакам да победиме“, изјави Ѓока.

Презадоволен сум од Дашмир Елези. Тој напредува, но мораме да бидеме внимателни со него. Работи напорно и максимално ги користи шансите што му ги давам. Има поддршка и од тимот, па останува да продолжи да работи и да напредува“, додаде тренерот на Шкендија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата