На стартот од новата сезона во Премиер лигата на Англија екипата на Манчестер Јунајтед по традиција се собра на специјална вечера, на која присуствуваа не само играчите и тренерите, туку и нивните поубави половини. Најголемо внимание кај папараците предизвика, се разбира, сопругата на Вејн Руни – Колин, иако таа беше далеку од најубава меѓу фудбалските сопруги.

Том Клеверли беше придружуван од прекрасната Џорџија Дорсет, која иако се породи пред само два месеци, изгледаше совршено во кожните пантолони.

На вечерата присуствуваа и Рајан Гигс со сопругата Стејси, Мајкл и Лиза Карик, Патрис Евра со сопругата Сандра, Андрес Линдегард со девојката – моделот Мисе Бекир, Нани со свршеничката Даниела Мартинс и многу други.