x

Шустер за заминувањето на Меси: Тој знае дека во Барселона нема ништо да се промени

schuster

Поранешниот фудбалер на Барселона, Бернд Шустер, кој помина 8 години во дресот на каталонците, вели дека го разбира Меси и неговата желба да си оди од „Камп Ноу“. Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, германскиот стручњак вели:

„Тотално го разбирам. Идејата на Меси сигурно не беше да ја напушти Барса, но со текот на времето сфаќаш дека фудбалот е таков, тој не простува. Фудбалот бара резултати, да продолжите да победувате, а понекогаш и фудбалот не е фер. Тогаш одлучувате да одите на друго место. Пред извесно време јавно кажав дека Меси заслужува клуб за да одигра на ниво уште две или три години. Тој сè уште има две или три години пред себе. Тој веќе виде минатата година дека оваа ситуација во Барселона нема да се промени. Очигледно е дека е свесен дека на подобро не оди и затоа мораше да дојде до таа одлука. Она со Баерн му беше само потврда на ситуацијата“, вели Шустер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата