Шуми остана верен на Ферари
Германецот Михаел Шумахер, потпиша нов двегодишен договор со Ферари, тежок 60 милиони фунти, тврди британскиот двневник “News of the world”. Ако се покаже информацијата за точна, ќе бидат отстранети сите дилеми околу евентуалното заминување на седумкратниот светски првак во Формула 1, во редовите на Рено, за што последниве денови многу често се зборуваше.
Во новиот договор стои клаузула според која Михаел Шумахер ќе може да го напушти тимот на Ферари веќе по првата година. Италијанскиот тим се уште се нема изјаснето по повод оваа информација и мали се шансите тоа и официјално да биде потврдено околу неговото заминување или останување пред летото.
Според новиот договор Шумахер годишно би заработувал пет милиони фунти повеќе од она што сега го добива за настапите во “најбрзиот циркус” на светот.