Две ѕвезди на спортот – “пилот” и алпинист- ќе се најдат во стручниот штаб на германската репрезентација во фудбал. Седумкратниот светски првак во Формула 1 Михаел Шумахер и освојувачот на највисоките врвови на планетата Рајнхолд Меснер ќе му помагаат на “Елфот” во подготовките за завршницата на Светското првенство во 2006 г., што ќе се одржи во Германија. Идејата е на спортскиот директор на селекцијата Оливер Бирхоф. Тој на Шуми и Меснер им одреди улога мошне блиска на професионалните психолози. “Сигурен сум дека Михаел и Рајнхолд ќе им пренесат на репрезентативците дел од својата волја за победа, ќе им го кренат духот и ќе им ја вратат самодовербата”, изјави Бирхоф.