Кога луѓето помислуваат на Трансилванија, прва асоцијација обично е грофот Дракула. Но, шумата Хоја Бациу, која уште се нарекува романски Бермудски триаголник, е позлобна и мистична од познатиот Влад Цепеш.

Оддалечена е 20 минути возење од центарот на градот, во срцето на Трансилванија. Многу локални жители веруваат дека шумата е прогонувана и избегнуваат да влегуваат во неа, а ако сепак треба да го сторат тоа – тоа го прават во друштво и строго во текот на денот.

Легендата вели дека шумата го добила името на еден овчар кој влегол во неа со своите 200 овци и повеќе не бил виден. Иако потрагата траела со денови, тие нашле само мртви овци расфрлани низ шумата, а од овчарот никаква трага.

После тоа, пријавени биле уште најмалку 20 исчезнувања во шумата.

Покрај тоа, постојат неколку документирани случаи кога луѓето во шумата одеднаш почувствувале голема вознемиреност и необјаснив страв, а по напуштањето на шумата забележале гребнатини и осипи за кои не знаат од каде потекнуваат, но и гадење и мигрена.

Во модерните времиња, шумата ја потврди својата злобна репутација, откако биологот Александар Сифт забележа необјаснив феномен во неа во 50-тите години на минатиот век – необични светла чиј извор не можеше да го утврди.

Подоцна, во 1968 година, фотографот Емил Барн сними нешто во него за што голем број луѓе веруваат дека е НЛО.

Во еден дел од шумата има расчистување каде што воопшто нема дрвја, додека во другите делови на дрва растат свиткани под необичен агол. Биолозите немаат рационално објаснување за тоа.