Трикратниот шампион во Формула 1, Ники Лауда, повторно покажа дека нема влакна на јазикот и испраќа критики кон сите Формула 1 натпреварувачи. Последен на листата е Михаел Шумахер кој се опоравува од тешките повреди здобиени при падот на француските Алпи, во декември 2013 година.Тој истакна дека Германецот во многу наврати лажел, со цел да стигне до успех.

-Тој е роден како агресивен и брутален човек. Секаде каде што имаше можност, знаеше да излаже, без да биде фатен во таа намера. Натпреварувачите некогаш мора да го правата тоа, кога ќе забележат дека победата е недостижна – истакна Лауда.

Австриецот во својата Формила 1 кариера, двапати беше првак со Ферари (1975 година и 1977 година), еднаш со Мекларен (1984 година), кога го победи Алан Прост за само половина бод.