И покрај тоа што никој се уште точно не го знае идентитетот на купувачот на огромниот плац кај Луштица во Бока Которска, упатените со сигурност тврдат дека е тоа Михаел Шумахер. Плацот од околу 150.000 квадратни метри, новиот оспственик го купил за 7,5 милиони евра од едно познато бокељско семејство со грчко потекло. Парите пред два дена се префрлени во една банка во Херцег Нови.