x

Шумахер комуницира, но ова не е добра вест ако се знае како!

sumaher

Михаел Шумахер, легендарниот возач на Формула 1, повеќекратниот светски првак, по тешката несреќа пред неколку години се уште е во тешка состојба. Ново е тоа што тој веќе почнал да комуницира со луѓето, но само со тројца.

Елизабета Грегорачи, сопругата на Флавијо Бриаторе, некогаш големиот газда во Формула 1 и менаџер на Михаел, во едно интервју ја опиша состојбата во која се наоаѓа некогашниот ас.

Тој не може да зборува. Да, тој комуницира, но тоа го прави само со очите. Него може да го видат само три лица“ посочи Грегорачи.

Инаку минаа седум години од несреќата на Шумахер на Алпите. Сите прогнози велат дека тој колку и да заздрави, во иднина ќе може само да вегетира.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата