x

Шукер: Ќе организираме турнири во дијаспората за да бараме потенцијални репрезентативци

Претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер даде изјава во која откри една своја идеја пред реализирање засефа револуционерна и според него потенцијално многу продуктива.

Имено, Шукер планира да се впушти во сериозна потрага по мулти талентирани фудбалери со хрватско потекло во дијаспората, и тоа не само во Европа туку буквално во целиот свет.

„Имаме доста проекти во план и пред реализација, а еден од нив е организирање на турнири во дијаспората во потрага по хрватски таленти. Тоа ќе се случува на следните дестинации, САД, Австралија, Аргентина, Чиле, Канада и во друг прекуокенаски земји. Хрватска е мала земја со лимитирани капацитети и ние мора да се потпреме и на ваквиот вид на работа. Имаме многу талентирани момчиња таму некаде далеку и мора да ги пронајдеме. Ние сме ниту Англија, ниту Шпанија ни Германија, и мораме да работиме двојно повеќе за да останеме на нивото на кое што сме“ – вели Шукер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата