Откако е регистрирана во Бар и Бјело Поље шугата е забележана на територијата на Босна. Во јануари во Мостар се регистрирани 49 лица заразени со шуга, а во последниов месец и во Тузланскиот кантон се забележани 19 заболени. Според епидемиологот Блашка Топаловиќ се уште е рано да се зборува за епидемиски размери на оваа болест, со оглед на тоа што Тузланскиот кантон опфаќа 13 општини.
-Болеста најчесто се регистрира кај возрасната група од 15 до 24 години и во предучилишната возраст, што значи кај деца до шест години изјави Топаловиќ.

Шефот на службата за епидемиологија на Заводот за јавно здравство, Един Алајбеговиќ, истакна дека нема потреба од паника поради појавата на болеста.
-Никој не сокрива дека постојат одреден број пациенти заболени од шуга. Тоа трае веќе неколку години. Не станува збор за значајни цифри, но од вкупниот број на заболените од кожната болест половината се од Херцеговско-неретванскиот кантон – изјави Алајбеговиќ.