Цело лето штурчето свирело со виолината, а вредната мравка собирала семки за преку зима. Дошла зимата, вредната мравка по голем студ и со малку семки од летото едвај преживувала. Сепак, го чекала штурчето кое ќе дојде и ќе побара малку храна, да му каже како во басната на Ла Фонтен: “… цело лето свиреше, а сега играј…” И штурчето дошло. Со бесен мерцедес, со изобилни залихи на храна и пијалаци. – Здраво штурче – му рекла мравката – како живееш? – Супер – одговорило штурчето. Знаеш дека цело лето свирев, потоа снимив плоча… Сега патувам низ цел свет, турнеи, ТВ настапи. Полн сум со пари… – А дали некодаш одиш и во Париз? – прашала мравката. – Па да, за две недели сум таму. – Е, ако одиш, имам една молба до тебе. Најди го во Париз споменикот на Ла Фонтен и кажи му да оди во п…. ………!