Сала “Јане Сандански”. Гледачи 700. Судии: Златевски и Денковски од Скопје. Резултат по четвртини: 18:17, 24:19, 13:20, 26:15. МЗТ СКОПЈЕ: Караџовски 14, Пенов, Петровски 5, Миленковиќ, Караколев, Софковски 3, Гаштарски 17, Деспотовиќ 4, Хаџивасилев 11, Николовски, Талевски 19, Књазев 8. ВАРДАР О.: Ѓуроски 6, Ѓорѓиевски, Соколов 12, Наумовски, Кралевски 8, Грнчаров 19, Мираковски 8, Гоцевски 8, Стојанов, Даскаловски, Аврмовски 10, Батук. Со победата над Вардар Осигурување во вториот натпревар (81:71), кошаркарите на МЗТ Скопје 2000 намалија на 1-2 во поени и ја продолжија надежта дека можат да се најдат во финалето од разигрувањето за титулата. По бројните тензии по првиот натпревар, поради лошата арбитража, овојпат видовме помирна атмосфера, иако беше присутна почетната нервоза, посебно кај “домаќините”. “Штрковите” играа доста амбициозно во првото полувреме имаа водство од 42:36, кое ветуваше добра игра и во продолжението, но одморот повеќе им користеше на вардарци кои во третата четвртина се вратија во игра. Талевски и Гаштарски придонесоа домаќините на крајот, сепак, да се радуваат, иако се чини дека решавачка беше тројката на Хаџивасилев (74:69) кој во поголемиот дел на натпреварот беше деконцентриран, отсутен од играта. (С.Т.)