КЛМ, холандската подружница на „Ер Франс“, утрово откажа шест летови од аеродромот во Амстердам поради штрајк на екипажот.

Ова е втор штрајк оваа недела што се случи поради спорот околу договорот со компанијата, пренесува АП.

Штрајкот во траење од 5,30 до 8 часот наутро „најверојатно ќе доведе до измени“, се вели во соопштението на КЛМ.

извор: Makfax