Една недела по стапувањето на сила на Преспанскиот договор, се уште е нејасно дали надлежните имаат механизам да го принудат претседателот Иванов да го користи новото име.

Помалку или повеќе се случува тоа што се очекуваше – не сите го профатија Преспанскиот договор, а со тоа и новото име. И една недела по стапување на сила, постојат државни институции, како на пример претседателот на државата, кои се уште не го користат уставното име на земјава.

На неговата веб страница се уште стои дека тој е прв човек на Република Македонија. Дополнително сите укази на претседателот кои излегуваат во службен весник се под името претседател на Република Македонија.

Па така Претседателот на Република Македонија своите укази ги објавува во службениот весник на Република Северна Македонија.  Од кабинетот на Иванов не повикаа сите прашања кои ги имаме за тоа дали и кога шефот на државата ќе почне да го користи новото уставно име да ги доставиме преку мејл, а до почнување на вестите се уште не добивме одговор. За премиерот, очекувано дилеми по ова прање нема.

Тука се отвора прашањето дали постои некој механизам кој може да го надгледува и корегира спроведувањето или не спроведувањето на преспанскиот договор?

Истово прашање лигетимно може да се постави и за грчката страна, откако вчера префектот на областа Централна Македонија, Ѕиѕикостас, порача дека нема намера новото име на земјава биде поставено на таблите во областа под негова надлежност. Дополнителен проблем се појави си со пасошите во кои веќе имаа печат дека тој е во сопственост на Северна Македонија.

Според тоа што е договорено меѓу двете земји, овој печат е доволен за да можат  граѓаните да ја минуваат границата без белите листови. Ова засега не функционира, а неофицијално причината не недоволната комуникација меѓу институциите во Атина и службените лица на Евзони.

Инаку, за прашање дали на претстојните претседателски избори во земјава на избирачкото ливче ќе биде напишано дека се бира претседател на Северен Македонија, претседателот на ДИК Дерковски телефонски ни објасни дека ќе биде наведено само дека се  „претседател на државата“.