Новак по елиминацијата на турнирот во Акапулко, замина во “градот на ангелите”, каде неколку дена ужива во калифорниското сонце, а навечер ги шета познатите локали.

Папараците го уловија пред еден од најдобрите ресторани во градот “Кеч ЛА”. Сето ова немаше да биде чудно доколку во истиот ресторан не се појавеше и сексапилната Маша.

Очигледно дека биле заедно на вечера, иако фотографирањето во внатрешноста беше строго забрането. Овој ресторан ги нуди сите видови на храна, особено веганската, која Ноле ја форсира во последно време. Специјалитетите не се скапи, во просек десет долари.

Што се однесува до хуманитарната акција, познато е дека ќе присувствува познатиот актер Џон Хем, кој го играше ликот на Дон Дрејпер во серијата “Луѓе од Менхетен”, а свое присувство најавија Тимоти Олифант, Марша Геј Харден и Пери Ривс.

Можно е против Ноле партија тенис да одигра и Кевин Спејси. Доволно е да се каже дека за оваа хуманитарна акција рекетот во раце ќе го земе и легендарниот Андре Агаси, кој многу пати досега изјави дека го обожава Новак.