Општинскиот кризен штаб на Куманово, денеска ја одржа 32 седница, овој пат преку конференциска врска, објави градоначалникот Максим Димитриевски. Штабот бара од Владата, Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје да подготват листа на позитивни и негативни тестови до 17-ти април и да го информираат штабот во рок од 24 часа.

Во објавата е наведено дека се бара резултатите од тестовите да се доставуваат до Центарот за јавно здравје, помеѓу 24 и 48 часа од моментот на земање брисеви, со што се наведува ќе се добие реална епидемиолошка слика. Повторно, од Владата, штабот бара да ја издвои општина Куманово со дополнителна изолација.

Бараме од Владата да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Владата, кои важат за севкупната територија на земјата, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од вторник, 21.04.2020, и ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Владата, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово, се вели во објавата.

Под посебните мерки се подразбира дозволи за движење на различни категории вработени лица, пунктови за контроли, дезинфекција, достава на храна, вклучување повеќе оператори, операционализирање на одлуката на Владата за движењето на земјодлеците и сточарите, зголемување на капцитетите на здравствените установи во Куманово, начин на одлагање на отпад од семејства со позитивни. Предвидено е обезбедување заштитна опрема за граѓаните, задолжително носење макси, ракавици на отворено, МТСП да ја следи состојбата на ранливите и лицата со попреченост, да се носи храна, заштита, дезинфекциски средства.

Хуманитарните здруженија, Црвен Крст да се координираат со штабот при делење помош.

– Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин- стои во објавата.

Штабот доставува и протоколи со повеќе категории граѓани, кои можат да се движат со посебни дозволи обезбедни од институции, утврдува начин на превоз при ваква состојба.

Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехрамбени производи, здраствена помош како и потреба предизвикана од други природи ( смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности и др.), се вели во објавата.

Снабдувањето со храна да се врши онлајн, со ангажирање на тимови од штабот, Црвениот крст. Еден член од семејството да излегува за набавка само во најблизок маркет, дуќан, да се ангажира маалски полицаец, оние кои нема да се придржуваат да не се услужуваат, засилена дезинфекција. Постарите кумановци да се опслужуваат преку call center. Од штабот апелираат граѓаните да ги почитуваат владините мерки за овој викенд.

Членовите на штабот кои се информирани за позитивен резултат на Ковид19 како и Командантот на штабот од страна на ЦЈЗ Куманово ќе останат во самоизолација и својата штабска позиција ќе ја вршат онлајн и со помош на комуникациските врски, дополнително останатите членови на штабот ќе добијат препораки и задолженија од епидемиолошката служба за евентуална самоизолација врз база на епидемиолошките анкети кои се во тек- се наведува во објавата.