x

Што се случува на „Енио Тардини“? Играчите беа подготовени да излезат на терен, но потоа се повлекоа во соблекувалните!?

Дуелот меѓу Парма и Спал, требаше да почне во 12:30 часот, играчите се загреаја, но пред излегувањето на терен, стигна наредба да се повлечат во соблекувалните. Дури и резервите ги завземаа своите места од клупата, но во тунелот се случи нешто за кое никој не знае што е.

Конечната одлука ќе биде донесена наскоро, што ќе се случува со овој дуел.

Непосредно пред мечот, министерот за спорт Винченцо Спадафора кажа дека се размислува за прекин на првенството по коронавирусот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата