Тој беше нокаутиран во вторникот во првата рунда на мечот против Сифенати Кампија, а кусо време потоа колабираше. На несреќниот боксер му беше дадена прва помош во рингот, а веднаш потоа беше префрлен во болница местот Фрере, каде лекарите не успеаја да му го спасат животот

Ова е втор смртен случај во рингот во Јужна Африка последнииве 12 месеци, откако во октомври минатата година заради излив на крвта во мозокот почина Финдиле Мелеса.

Пред два дена, исто така од последица на нокаут, умре и австралискиот боксер Дејвид Браун јуниор. Тој прво падна во кома по борбата со Карл Магалија, со кого се бореше за титулата регионален шампион на Сиднеј, а четири дена подоцна почина во болница. Магали австралискиот боксер го нокаутира во 12 рунда на само 30 секунди пред крајот на мечот.

Шест месеци пред неговата смрт, Австралија ја потресе и трагичниот крај на живото на Брајдон Смит. Тој колабираше среде борба , а почина уште пред лекарите да успеат да му дадат прва помош

Австралиската медицинска асоцијација заради овие смртни случаи пред два дена побара да се забтрани боксерскиот спорт во оваа земја.