Синот на фолк дивата Цеца, Вељко Ражнатовиќ, откако стана татко, ужива во родителството до максимум. Речиси и да не постои ден, а да не сподели со јавноста некоја интересна случка со малиот Жељко.

Наследникот Жељко е секогаш во центарот на вниманието, како и неговата сопруга Богдана, со која сигурно ги дели најубавите моменти со бебето.

Меѓутоа, како и претходно така и сега  не можеше да одолее а да не сподели уште една работа со фановите.

Имено, една детска песна го хипнотизирала малиот толку многу што не можел ни да трепне, што беше неизмерно забавно за гордиот татко, па затоа тој го сликал во таа состојба.

Хипнотизиран е“, се пошегува Вељко, а малото момче не ги затвори очите до крај на песната.