Но вака собрани на купче како трио – Маја Вукичевиќ, Татјана Лазаревска и Верче Пандиловска сигурно не си кажуваат вицови за русокоси, туку се дружат и позираат. Оваа фотка е доказ дека музиката навистина нема граници, дека забавњаците и народњаците се дружат без проблем, како и дека нема ривалство на естрадата.

А судејќи според истата нијанса на бојата за коса овие дами делуваат како со една иста боја за коса да се премачкале.

Како веќе одеше она машката за блондинките – сакам русо, па макар и фарбано!