Велат дека појадокот е најважниот оброк во денот, односно дека никако не би требало да го „прескокнуваме”. Еве што појадуваат нутриционистите.

Кајгана и овошје

Нутриционистот Џули Аптон својот ден го започнува со кајгана, парче леб на кој мачка путер од кикирики, а со тоа задолжително јаде и некое овошје и пие шолја чај. „Тоа е здрав појадок, но и брз бидејќи не бара друга подготовка на јадењето. Со овие намирници, внесувам помеѓу 20 и 25 грама протеини и на тој начин ја намалувам желбата за грицки. Како баланс на протеините од јајцата, внесувам јаглехидрати со банана и малку маст од путерот.”

Зелено смути

Мешавина од зелен зеленчук, замрзнато шумско овошје, банана и вода е рецепт за добар почеток на денот на нутриционистот Криста Менти.

Смути пијалокот од овие состојки е одличен начин да внесам здраво ‘гориво’ во организмот. Тоа ми дава енергија и го подготвува мојот организам за здравите намирници кои ги внесувам во текот на денот”, вели Криста.

Овесни снегулки со ореви

Кетрин Брукинг сака да го започне денот со нешто слатко, па затоа во чинијата става овесни снегулки, додава ореви и малку мед или кафеав шеќер. „Кога го јадам тоа за појадок, немам желба да грицкам помеѓу оброците. Заситените масти и здравите јаглехидрати кои ги содржи ваквиот оброк, ме полнат со енергија”, вели Брукинг.

Овесни снегулки и чиа семе

Нутриционистот Алиса Рамзи за појадок јаде овесни снегулки прелиени со млеко, со малку ореви, чиа семе, свежо овошје и цимет.

Од снегулките внесувам доволно хранливи влакна, заедно со мастите од чиа семето и оревите, а протеини внесувам од млекото. Особено го сакам чиа семето затоа што содржи омега-3 масни киселини”, вели Рамзи.

Путер од кикирики и тост

Вандана Шет своето „гориво” го добива од тост на кој мачка путер од кикирики, потоа става неколку кругови банана и чиа семе. Нутриционистот вели дека ваквиот оброк е богат со здрави масти, протеини и хранливи влакна.

Тост, јајца и сирење

Нутриционистот Анџела Џин – Медоу денот го започнува со тост, јајца и парче сирење. „Лесно се подготвува и брзо ве полни со енергија”, вели Анџела.

Кој е вашиот омилен појадок?