Фунционерка од Белата куќа на непристоен начин коментирала за здравствента состојба на американскиот републикански сенатот Џон Мекејн, кој има тумор на мозок.

Кели Садлер, специјална асистентка потпарол во Белата куќа изјавила дека неговото противење за избор на Џина Хаспел за дирекотор на ЦИА, позната како Крвавата Џина, “не е важно бидејќи тој и онака умира”.

[video:https://youtu.be/UIcRn-cCd6M autoplay:0]

Садлер тоа го рекла на состанок кој се одржал позади затворени врати, а на кој имало дваесетина нејзини соработници. На оваа вест набрзо стигнала реакција од сопругата на Мекејн, Синди, која на Твитер напишала “Ве потсетувам дека мојот сопруг има семејство, седум деца и пет внучиња”.

Џон Мекејн (81) кој често го критикувал Трамп за неговите потези диагностициран му е агресивен тумор на мозокот. Моментално е на домашна нега во својот дом во Аризона, а во сенатот веќе со месеци не се појавува.

[video:https://youtu.be/xW71BD79T10 autoplay:0]

Белата куќа не го дематирала извештајот за скандалозната изјава на Сандлер. “Почитуваме се што сенаторот Мекејн направи за нашата земја. Се молиме за него и неговото семејство во овие тешки момети”, стои во соопштението на Белата куќа.

Мекејн кој и самиот бил мачен како воен затвореник во Виетнам, рекол дека “Сенатот треба да ја одбие кандидатурата на Џина Хаспел за дирекотор на ЦИА”.

Џина Хаспрл гарантирала пред Конгресот дека ЦИА нема повеќе да се служи со методи и техника на присилно испитување после нападот на 11 септемви, а кои се сметаа измаченички, па дури ако тоа го нареди и претседателот.
Нејзиното именување предизвикало полемика бидејќи во 2002 година управувала со тајниот затвор на ЦИА на Тајланд, каде што затворениците осомничени за поврзаност со Ал-Каида биле брутално измачувани.