Многумина сметаат дека влегувањето во семејството Виндзор, значи крај на претходниот начин на живот, но принцот Вилијам бил решен на неговата сопруга Кејт Мидлтон да и го направи тој живот што е можно полесен.

Кејт Мидлтон  е позната по тоа што е блиска до своето семејство.

Според некои извештаи, Вилијам ја убедил својата тогашна идна сопруга дека нема да мора да го „напушта“ семејството на денот кога ќе стане член на кралското семејство.

Во документарниот филм за војвотката „Кејт Мидлтон: Од работничката класа до Виндзор“, новинарката Кети Никол објаснува како парот го прекршил стариот обичај.

Кога Вилијам ја запроси Кејт, тој јасно и стави до знаење дека нема да мора да го остава семејството зад себе кога таа ќе му се придружи на неговото семејство. Тој и вети дека тие секогаш ќе бидат дел од семејството, и така беше. Така членовите на семејството на Кејт се присутни на бројните настани организирани од кралицата“, вели Кејти.

Семејството на Кејт е постојано е присутно на важни настани во дворецот, а кога се омажи нејзината сестра Пипа, принцот Хари беше на венчавката.

Подоцна, кога се ожени со Меган Маркл, Хари возврати и го повика целото семејство на Кејт Мидлтон, пренесува The Sun.