Најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити има нов менаџер, а тоа е Пеп Гвардиола, кој го замени чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини. Веднаш по пристигнувањето на “Итихат”, шпанскиот стручњак примени неколку новини.

Српскиот интернационалец, Александар Коларов почна да игра на позицијата централен дефанзивец, а репрезентативниот голман, Џо Харт, доби зелено светло за промена на клупската средина.

Вистинското прашање е што се крие позади таквите одлуки на трофејниот шпански стручњак? Во фудбалскиот свет Гвардиола е познат и како револуционерен тренер, но голем е бројот на тие кои не се согласуваат со неговите одлуки, со начинот на кој работи. Сепак, кога ќе се погледне реално, сите големи умови и луѓе, кои примениле некакви новитети, никогаш не ја добиле потребната подршка од јавноста.

Најблизок пример за нас е тој со Никола Тесла, кој имаше амбиција да обезбеди бесплатна енергија за цел свет. Но една поголема група од луѓе не размислуваше на таков начин, беше заинтересирана само за сопствениот прихот и поради тие причини, Тесла умре во сиромаштија на 33 кат од хотелот Њујорк.

Никаде не пишува дека мора да ни се допаѓа неговата “тики-така” филозофија, неговиот тотален фудбал, но мора да го почитуваме се тоа што го има направено во својата тренерска кариера. Доволно е да ги погледнеме сите успеси кои ги има постигнато со Барселона и Баерн (М) за да дојдеме до заклучок за каков стручњак станува збор. Шпамецот три пати ја освои шампионската титула во Примера дивизион, два пати славеше во Лигата на шампиони со Барселона.

Три години по ред ја освојуваше шампионската титула во германската Бундес лига, а ниту еднашка во неговата кариера нема испаднато пред ¼ финалната рунда во Лигата на шампиони. Голем е бројот на клубови и тренери кои го копираат неговиот стил, но не можат во целост.

Некој ќе каже: “Па И јас ќе успеам како тренер ако имам на располагање таков клуб и такви фудбалери”. Се обиде и Рафа Бенитез да биде предводник на Реал (М), но после само неколку месеци ја доби заслужента клоца. Тајната на неговиот успех лежи во тоа дека за неговата игра потребни се фудбалери од топ класа.

Анчелоти сепак е поблизок со фудбалерите. Пеп некако беше во некој сопствен свет. Цел ден размислуваше на тоа како да ги помести игрчите во одредена ситуација, на два или три метри, се со цел, да го пронајде совршеното решение. Тоа беше нешто лудо, но позитивно лудо, изјави бомбардерот на Баерн (М), Томас Милер.

Сепак, пости и другата страна од медалот, а тоа се фудбалерите кои никогаш не ја добија посакуваната шанса од Пеп Гвардиола. Долг е списокот со тие фудбалери, но првенствено се мисли на Златан Ибрахимовиќ, Марио Манџукиќ и Џо Харт. Поголемиот дел од нив не заслужија таков однос, некои го заслужија, но вистинското прашање е тоа зошто е потребен таков третман од тренерот кон тие поединци.

Каде и да дојде, Пеп наметнува револуција, а факт е дека има отпишано големи фудбалски имиња, но постигнатите успеси и освоените трофеии вечно ќе бидат запаметени. Кога се во прашање успесите, тогаш Пеп може да се пофали 74.5% победи, 15.3% ремија и само 10.2% порази. Кој може да се пофали со ваков резултат?

Едно е сигурно, а тоа е дека во блиската иднина ќе се збори за Пеп Ггвардиола како за човек кој ја промени фудбалската игра.