Многумина би рекле дека нема разлика меѓу овие три нешта, дека сите се слатки, се прават од овошје и шеќер и одлично одат со палачинки. Но, не е баш така.
Џемот се прави од свежо овошје исчистено од семки, каде овошките се цели или преполовени и се вари кратко. Џемот по структура е поредок од пекмезот и мармаладот.

И пекмезот се прави од свежо овошје, но за разлика од џемот, овде овошјето се вари малку подолго. Уште една разлика е тоа што овде овошјето не се става цело, туку ситно сецкано.

Мармаладот е најгуст, а се подготвува така што свежото и измиено овошје се чисти од семките, па се меле или пасира, а потоа се вари.
Мармаладот е најтешко да го размачкатe, па затоа во палачинките најчесто се користи џем.

Сите три јадења се слатки, одлично одговараат со разни печива, а можат да се користат и како додатоци за колачи и торти, или како сос за мисиркино или месо од дивеч.

Добро е секогаш дома да имате една тегла , затоа што ваквите јадења се брз и вкус појадок или ужина, кога немате многу време за да зготвите нешто. Само намачкајте кришка леб со путер, па одозгора со мармалад, џем или пекмез. Ова одлично оди со шоља топло млеко.

На здравје!