Познато е дека жените сакаат стабилен маж, но за одговорот што најмногу очекуваат жените од својот иден сопруг прилично ќе ве изненади.

Во обид да се најде одговор на прашањето што навистина сакаат жените од мажот со кој се одлучуваат да го поминат својот живот, експертите од Белгија спроведоа истражување кое покажа дека за идеалниот маж, семејството е пред се.

За студијата, објавена во списанието Springer Nature, белгиски експерти испитале 87 студентки-хетеросексуалци, кои зборувале за своите желби и очекувања од „совршен“ партнер.

Жените особено ги привлекуваат мажи кои се приврзани за нивните семејства.

Според резултатите од оваа студија, совршениот маж кој жените ќе го изберат за брак мора да биде повеќе ориентиран кон семејството отколку во кариерата, бидејќи за жените тоа е показател дека нивниот избраник ќе биде добар татко и сопруг.