Во Штип во моментов има над 400 активни случаи со коронавирус, откако во последните 24 часа беа регистрирани 29 новозаразени во овој град.

Според податоците на Министерството за здравство, Штип е вториот град зад Скопје со најголем број на активно заразени.

Во главниот град како активни се водат 1.876 случаи, потоа е Штип со 409, а зад него се Куманово и Тетово со 284 и 278 заразени со коронавирус.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183.

Денеска беа регистрирани 128 новозаразени, а 137 излечени пациенти. Во изминатите 24 часа починале шест лица на возраст од 48 до 82 години.

извор: Makfax