Вчера улицата „Косовска“ во Штип, полициски службеници го привеле Д.Ј.(31) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

„Околу 15.00 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, С.Д.(18), С.Д.(21), Е.Д(44) и двајца малолетници биле физички нападнати од Д.Ј. и уште шест лица, при што биле употребени метални и дрвени премети“, велат од МВР.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: Makfax