По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, “Комерцијална банка” одлучи да подари денарски штедни книшки “Верверичка” на сите деца кои ќе се родат во земјава на овој ден. Почетниот влог на книшката ќе изнесува 1000 денари, а се очекува да ги добијат 60-тина новороденчиња во земјава.
Родителите на новородените деца ќе можат да ја подигнат оваа награда со поднесување извод од новороденчето и копија од лична карта на еден од родителите во Централата на Банката, како и во експозитурите во Скопје, како и во сите филијали и експозитури на “Комерцијална банка” во Македонија.
Светскиот ден на штедењето се слави како сеќавање на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците одржан во 1924 година во Милано. (В.М.Б.)