x

Шпанците со ексклузива: Суперлигата почнува во сезоната 2024/25!

super-liga-uefa

Суперлигата или натпреварувањето на европските клубски гиганти, ќе стартува во сезоната 2024/25. Оваа вест ексклузивно е објавена денеска во Шпанија, и тоа од познатиот радиски новинар Ману Карено. Суперлигата ќе биде друштво во кое ќе бидат најголемите и најбогатите клубови кои имаат намера Лигата на Шампионите да ја заменат со Суперлигата.

УЕФА е во проблеми, следната година на Конгресот на УЕФА ќе стане збор за тоа што ќе се случува после 2024 година со клубските европски натшреварување. А зошто токму сезоната 2024/25 е означена како старт на Суперлигата.

Тогаш, според Карено, завршуваат милијардерските договори или тогаш завршува пакетот со ТВ правата кои УЕФА ги има потпишано.

Па кога ќе истечат тие договори ништо не може да ги спречи моќните ТВ куќи да влезат во Суперлигата и да ја откачат Лигата на Шампионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата