x

Шпанците направија фантастична страница посветена на Пандев и Македонија: „Што знае ѓаволот што се години!“

pandev-spanija-vesnik

Дека победата на Македонија над Грузија не беше секојдневен настан во европскиот фудбал, покажува и оваа фантастична страница од шпански весник која е специјално наменета на успехот на Македонија и најголемата фудбалска ѕвезда од овие простори, нашиот „Ел Гранде“, Горан Пандев. Ценејќи ја вредноста на оваа фудбалска икона како нашиот Гоче, шпанските навинари напишаа:

„Голот во Грузија на „стариот рокер“ Горан Пандев ја награди Македонија со билет за ЕУРО. На 37 години, напаѓачот на Џенова продолжува да докажува дека возраста е состојба на умот. Балканците испишаа историјата со пласманот по првпат на големо натпреварување“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата