x

Шпанците без Ансу Фати и Феран Торес против нашите надежи!

fati-i-tores

Дали е добра вест или не, останува да се види. Имено селекторот на У-21 Шпанија, Луис де ла Фуенте, на утрешниот меч со нашите надежи нема да може да смета на двете свои најголеми ѕвезди. Тоа се Ансу Фати (17) мега талентот на Барселона и Феран Торес (20), кој ова лето направи мега – трансфер во Манчестер Сити. Покрај нив двајца, ќе го нема ни Ерик Гарсија, кој како и Фати и Торес, се во А репрезентацијата на Шпанија за утрешниот меч во Лигата на Нации против Германија. Имено тие тројца добија повик да се најдат во селекцијата чиј предводник е Луис Енрике. Да кажеме дека сите тројца настапија за својата селекција минатата година кога славеа со 3:0 против избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Но затоа утре за „фуријата“ ќе настапат неколкумина големи таленти од најголемите шпански клубови, кои секако дека ќе бидат голема опасност по нашата селекција со оглед на тоа дека ќе сакаат да се докажуваат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата