x

Шпанското обвинителство бара 6-месечна казна затвор за Диего Коста!

Шпанските обвинители побараа шест месеци затворска казна за напаѓачот на Атлетико (М) Диего Коста поради затајување данок. Обвинителството исто така побара парична казна од 500.000 евра за играчот.

Диего Коста е обвинет за даночни измами во износ од повеќе од 1 милион евра. Забележано е дека парите може да бидат поврзани со продажбата на имиџ правата во 2014 година. Претходно, шпанските медиуми објавија дека според даночните власти во земјата во 2014 година, Коста ги „сокрил“ средствата од спонзорскиот договор со „Адидас“, што е склучен пред неговиот трансфер во англиски Челси.

Коста се врати во Атлетико од Челзи во јануари 2018 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата