x

Шпанките обвинуваат: Ова е неправда, судиите нѐ ограбија

Во драматична завршница Холандија ја совлада Шпанија со 30:29 во финалето на ракометното Светско првенство. „Воинките“ имаа брилијантно враќање во второто полувреме, но изгубија во последната секунда со гол кој отвори дебата: Дали е тука се регуларно?

Аиноа Ернандез се обиде да ја спречи холандската голманка да ја фрли топката нанапред. А тоа го направи надвор од линијата за шест метри. Судијките Бонавентура го окарактеризираа тоа како „спречување на напад“ и ја исклучија Ернандез и свирнаа пенал за Холанѓанките кои дадоа гол и победија.

А Шпанките тврдат дека Ернандез не газела во противничките шест метри и дека се било според правилата. Тоа се гледа од снимката и според правилата противничката ракометарка не смее да ја допре топката или да ја спречува голманката се додека не биде надвор од шесте метри. А во случајов се е регуларнo…

„Ова е грабеж. Сторена ни е неправда. Не прекршивме никакви правила. Се пишува јасно и нема прекршување на истите за да биде свирен пенал во последните секунди“, велат од шпанскиот табор.

Очекуваме да го видиме одговорот на судијките или светската ракометна федерација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата