Владата на Шпанија планира да ги укине сегашните ограничувања поради коронавирусот во две фази: првата ќе трае во текот на летото, а втората до крајот на годината, рече денес Јоланда Дијаз, министерка за труд и социјална економија.

„Ќе работиме во две фази. Во текот на летото ќе се осврнеме на секторот производство и работните места, а втората фаза ќе трае до крајот на годината. Укинувањето на мерките ќе оди постепено“, рече Дијаз, пренесува Си-Ен-Ен.

Дијаз рече дека сите решенија за укинување на мерките ќе бидат засновани на советите од здравствените работници, но додаде дека нормалниот начин на живот нема да биде ист како порано.

извор: Makfax