Шпанскиот премиер, Педро Санчез, рече дека на 16 јули ќе се одржи државна церемонија за да им се оддаде почит на повеќе од 27.000 луѓе кои починаа во пандемијата.

Обраќајќи се на пратениците, Санчез рече дека церемонијата ќе ја предводи кралот Фелипе Шести, шпански шеф на државата, и на неа ќе присуствуваат водечки официјал и претставници од Европската Унија и Светската здравствена организација.

Комеморацијата ќе се одржи четири месеци откако Шпанија воведе некои од најстрогите рестриктивни мерки. Беа потребни речиси два месеца за борба со епидемијата со воведувањето карантин и прекинувањето на економските активности.

Шпанија има повеќе од 244.000 потврдени случаи на инфекција.

извор: Makfax