x

Шпанија забрани летови од Италија: Како Наполи ќе стигне до Барселона за мечот од ЛШ?

Шпанската влада денеска објави дека поради опасност од ширење на коронавирусот ги забранува сите летови од Италија кон оваа земја, како и во спротивен правец во периодот од 11 до 25 март.

Единствено надвор од оваа забрана остануваат итните, хуманитарни и медицински летови. Овде секако не спаѓаат летовите на фудбалските клубови на средби од европските купови, па останува отворено прашањето како и дали ќе се одиграат мечевите од ЛШ и ЛЕ, каде шпанските клубови треба да играат со италијански екипи.

Еден од тие мечеви е и реваншот следната недела во ЛШ меѓу Барселона и Наполи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата