– Доколку сепаратистичкиот лидер Карлос Пуџдемон не обезбеди задоволувачки одговор до утре, тогаш тој ќе испровоцира активирање на членот 155 од Уставот, изјави денеска Саенз де Сантамарија од парламентарната говорница.

Членот 155 од Уставот на Шпанија, дозволува на Владата во Мадрид директно да интервенира во управувањето со автономниот регион, и да стави крај на системот на самоуправа што е во сржта на демократскиот поредок на земјата.

По успешниот референдум за независност на Каталонија, претседателот на каталонската Влада Карлос Пуџдемон најави прогласување независност на овој регион, но со одложено дејство. Целта на ваквата одлука е да се остави простор за разговори со Мадрид, а централните власти и дадоа рок на Барселона до утре да даде дециден одговор дали прогласува независност или не.