Брза подготовка на јадење кое е особено здраво во зима кога организмот е пред налет на настинки. Има и друга предност, брз и едноставен начин да го подгответе кога имате ненајавени гости.

Потребни ви се шпагети и неколку чешниња лук (3-4).

Откога ќесе сварат шпагетите, ги цедите. Во мало тавче загревате зејтин и во него ставате сецкан лук да се пропржи. Внимавајте да не го прегорете, ја губи аромата, а може да горчи.

Штом ќе го почуствувате мирисот на лукот додавате лажичеипол црвен пипер, го промешувате и го истурате врз шпагетите. Се заедно добро измешајте и сервирајте со прилог од сирење, пармезан, кечат, може и лутеница… изборот останува на вас.