За четири лица, ќе ви биде потребно:

500 г шпагети 

1 главица кромид

3 чешниња лук

пола литар доматен сос (томатело)

2 супени лажици маслиново масло

еден филџан сецкани маслинки

1 модар домат

1 зелена пиперка

неколку листови свеж босилок

1 кафена лажица оригано

 

Подготовка:

Шпагетите се стававаат во тенџере со претходно зовриена вода и се варат колку што пишува на пакетчето (од 8 до 10 минути, во зависност од дебелината). Откако ќе се сварат исцедете ги и ставете ги на страна. Во тавче (подлабоко) загрејте го маслиновото масло, додадете го исечканиот лук и кромид и пржете додека не заруменат. Додадете ги маслинките, исечканата пиперка и модар домат (на коцки) и продолжете со динстање на зеленчукот околу 10 минути. Кога зеленчукот ќе омекне залијте го со доматниот сос и чекајте да зоврие. Откако ќе зоврие додадете ги шпагетите во сосот и мешајте две минути. За крај зачинете со суво оригано и свеж босилок.

Пријатно јадење!