Германскиот министр за финансии Фолфганг Шојбле во вторникот ја обвини Русија дека води “пропагандна војна” со ширење лажни вести за да го зголеми своето влијание во светот, што, како што рече, мора да престане.

Тој рече дека телевизијата Раша тудеј креира “лажни вести од утро до вечер”, што е “неприфатливо и мора да престане”.

Шојбле пред странските новинари во Берлин зоруваше за изложеноста на постојани напади од руската пропаганда, но не наведе ниеден конкретен пример за тоа, пренесе АП.

Медиумите сметаат дека изјавата ан Шојбле се однесува на приказната што се прошири во руските медиуми дека германските војници во рамките на НАТО-мисијата во Литванија силувале тинејџерка.

Литванските власти ги демантираа овие тврдења.

Тамошните власти се сомневаат дека Русија ги измислила тие наводи за да ја дискредитира мисијата на НАТО на границите од балтичките земји.

До пред само една година, американските или германските војници на истокот од Европа беа само пуста желба.

Сепак, на самитот на НАТО во Варшава во јули 2016 година беше договорено засилено присуство во регионот и од почетокот на годината кон Полска и балтичките земји одат тенкови, тешко вооружување и неколку илјади војници.