x

Шок: Во Тбилиси без Кире Ристевски и Крсте Велкоски, „виси“ и Барди!

kire-ristevski-nova

Македонската фудбалска репрезентација неочекувано се најде во големи проблеми. Во 10 часот експедицијата ќе патува за Тбилиси каде што утре ќе го одигра најважниот натпревар во Лигата на нациите против домашната селекција на Грузија.

Велкоски и Ристески се позитивни на Ковид на вторите тестирања и тие не отпатуваа. Неизвесен е и настапот на Енис Барди кој е повреден, а за кусо време ќе се знае дали и тој ќе патува или не. Селекторот Игор Ангеловски се најде во проблеми затоа што и Аријан Адеми е повреден па ќе мора да крои поинакви планови за мегданот со Грузијците.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата