На улиците на Берлин се случила вистинска филмска сцена, кога полицаец пукал во автомобил кој сакал да побегне. Возачот, инаку 32-годишен Србин, во возилото имал 35 000 евра. 

Полицајците во потерата по Србинот пукале, но возачот имал среќа – не бил повреден. На социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа како возило од марката бе-ем-ве се обидува да побегне, но поради гужвата во сообраќајот не успева. На крајот возачот го напушта возилото и почнува да трча. Сепак, не стигнал далеку. Погледнете го ова неверојатно видео: