x

Шокантно: Ц. Звезда сака да игра во Ерменија, иако таму се води војна!!!

terzic-ermenija

Веќе неколку денови се води војна меѓу Ерменија и Азербејџан поради Нагорно Карабах. А во четврток, во рамките на плеј – офот во Лигата на Европа, во Ереван екипата на Ц. Звезда треба да гостува кај тимот на Арарат. УЕФА денеска требаше да донесе одлука за тоа каде ќе се игра овој меч, дали во Ереван или Будимпешта, или во Белград, како што се шпекулираше, но за тоа каде навистина ќе се игра одложено е за утре.

И како капак на се доаѓа веста од Белград дека Ц. Звезда сака да патува во Ерменија, иако таму се води војна, и да игра како гостин во Ереван.

Ова е изјавата на Ѕвездан Терзиќ, првиот човек на белградските “црвено – бели“ попладнево…

“Верувам дека УЕФА ќе ги согледа сите безбедносни аспекти, дека ќе води сметка за безбдноста на учесниците на овој натпревар, па потоа ќе донесе одлука. Сепак, ако јас се прашувам тогаш нема дилеми. Овој натпревар треба да се игра во Ереван, во Ерменија. Ние не сакаме проблемите на ерменскиот народ да ги користиме за себе. Никако не го сакаме тоа. Ако веќе ждрепката сакаше и по третпат да да бидеме гости, да играме во Ереван, тогаш нека биде така. Ако сме подобри, тогаш ќе победиме. Ц. Звезда мора да победи, па каде и да играла“ посочи Терзиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата