Вечерта пред свадбата од бајките, принцот Чарлс и рекол на принцезата Дијана дека не ја сака.

Барем така откри Пени Торнтон, астролог на Дијана, во новиот документарец „The Diana Interview: Revenge of a Princess“, кој се емитуваше во четвртокот во Велика Британија 25 години по нејзиното познато интервју во „Панорама“ на Би-Би-Си, пишува PEOPLE. 

Една од најшокантните работи што Дијана ја сподели со мене е дека ноќта пред венчавката, Чарлс и рекол дека не ја сака, рече Торнтон.

„Мислам дека Чарлс не сакаше да влезе во брак со лажна премиса. Тој сакаше да расчисти со нејзе и тоа беше поразително за Дијана. Таа не сакаше да продолжи со свадбата после тој момент, мислеше дури и да не присуствува на венчавката, додаде тој“.

За време на нејзиното интервју за Би-Би-Си во 1995 година со репортерот Мартин Башир, принцезата Дијана откри дека и таа и принцот Чарлс биле дел од афери за време на нивниот брак.