x

Шокантно: Ми нудеа куфер со многу пари за да ја “продадам“ Ц. Звезда во Бари!!!

zvezda-bari

Во мај 1991 година во Бари, во финалето во тогаш Купот на Шампионите, Ц. Звезда беше прв и последен клуб од екс – СФРЈ кој стана европски првак. Во тоа финале настапија и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Ц. Звезда на пенали го победи Олимпик Марсеј, а дека имало нешто неспортски пред самиот меч говори Стеван Стојановиќ, голманот на “црвено – белите“ за еден српски медиум.

Тој открива нешто што се чувало како тајна цели три децении.

Ми нудеа многу, многу пари за да ја “продадам“ Ц. Звезда. Знаеја дека јас како голман доволно ќе биде само еднаш да киксирам и се да отиде по ѓаволите. Ме викнаа во една соба некои наши луѓе пратени од Французите, за мене непознати. Ми понудија полн куфер со пари и ми кажаа ако прифатам добро, ако не прифатам пак добро, но тие ќе кажат дека сум ги земал парите. Јас се разбира одбив, бев во шок, не ни знаев како излегов од таа соба и веднаш пријавив кај тренерот на голманите Дујковиќ, тој беше мирен и ми рече дека ми верува. Потоа се прочу во нашата експедиција дека е готово, дека голманот го купиле. Па затоа морав од играч до играч да одам и сите да ги уверувам дека не е така. За среќа победивме, во спротивно можам да замислам што ќе беше“ изјави тогашниот голман на “црвено – белите“ Стеван Стојановиќ.

Интересно во тоа финале по негова заслуга белградскиот тим стана европски првак со оглед на тоа дека во пенал – серија тој му го одбрани пеналот на Аморос.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата