x

Шокантно: Бекам е тешко повреден!!!

bekam-povreda

Америка е во шок. Играчот на Кливленд Браунси Одел Бекам Јуниор е тешко повреден. Како што самиот клуб официјално изјави, Бекам ги скинал лигаментите и за него сезоната во НФЛ е завршена.Вајд рисиверот на Браунси на вчерашниот меч против Синсинати Бенгалс, кој Кливленд го доби со 37:34, се здобил со тешка повреда, имено ги скинал предните вкрстени лигаменти. Ова е голем удар за неговиот тим кој сезонава го имаше својот најдобар старт од 1994 година и посакува да се пласира во плеј – офот во НФЛ.

Клубот не наведува кога Бекам ќе биде подвргнат на операција, иако познато е дека таквата повреда значи и осум до девет месеци надвор од терените.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата